SAP експерт за модули во финансиско сметководство и Контролинг

За компанијата: Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа, којшто работи во седум држави и обезбедува услуги... повеќе за компанијата »

Од One.Vip бараме кандидати за работа во одделот за САП во Секторот за Финансии. Ако сте заинтересирани за работа во динамична интернационална средина и сакате да станете дел од нашиот успешен тим конкурирајте за следнава позиција:

SAP експерт за модули во финансиско сметководство и Контролинг

Опис на работни задачи

  • Анализа и развој на бизнис барањата во SAP заради обезбедување на непрекинати бизнис процеси
  • Имплементација на законски и бизнис барања за известување во сите модули на финансиска сметководствена област
  • Поддршка на комплексни проекти со интерфејси во различни системи, преку одржување на високи перформанси и стабилност на SAP системи, зголемувајќи ја ефикасноста и промовирајќи ги SAP стандардите
  • Поддршка на функционалноста на комплексни конекции во SAP и други екстерни системски интерфејси
  • Одржување на корисниците и нивните улоги

Потребни квалификации и работно искуство:

  • Професионално искуство од 5 години ( ќе се смета за предност)во развојот на SAP модулите
  • Одлично знаење на SAP модули во сметководство и Контролинг
  • Добро познавање на модулите на трезорско и проектно работење во SAP
  • Добро познавање на модулот за Набавка во SAP
  • SAP R3 генерално познавање
  • Работа во интернационална компанија

Лични карактеристики

  • Тимски играч со смисла за хумор, добри комуникациски вештини , вештини за презентација, самоиницијативен
  • Флуентно говорење и разбирање на пишан и устен англиски како и српско-хрватски  јазик во комбинација со вештини за убедување во интернационална средина е императив
  • Способност за одлична работа под притисок и истовремено управување со задачи од различен тип

Ако сте заинтересирани за работа во интернационална  телекомуникациска компанија која е  ориентирана да ги задоволи барањата на своите клиенти имаме одлична средина за вас. Бидете член на тимот кој креира работна култура која вреднува посветеност, агилност и развој на вработените и испратете ваша биографија на англиски јазик како и мотивациско писмо со предмет  SAP Експерт  за модули во Финансиско сметководство и Контролинг

Последен за пријавување 24.09.2017

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »