Оглас за вработување на офис менаџер

ОГЛАС

Адвокат Емил Мифтари, од Скопје, ул. Козара бр.19/4, има потреба од офис менаџер.

Опис на работни обврски и одговорности:
- Евиденција, архивирање на документи и водење на општи административни работи,
- Фактурирање и водење на наплата,
- Набавки за потребите на канцеларијата,
- Водење на евиденција на работно време за вработени.

Потребни квалификации:

- Најмалку една година работно искуство на иста или слична работн позиција,

- Солидно познавање на работа со компјутер - MS Office и

- Солидно познавање на англиски јазик.

Профил и способности:

- Вербални комуникациски способности,

- Организираност и одговорност кон доверените работни задачи,

- Флексибилност и лојалност,

- Доверливост и професионалност,

- Вештини за управување со бази на податоци и чување на документи,
- Поседување на возачка дозвола Б категорија, се смета за предност.

Почетна плата 20.000,00 денари.

Полно работно време, од понеделник до петок, од 8.30 - 16.30 часот.

Потребни документи за апликација:
- Кратка биографија (CV).

Достава на документите за апликација:
- Кратката биографија да се достави на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]

- Лице за контакт: Андриана Јанковска, тел:02/6136-646

Напомена:

- Рокот за пријавување истекува заклучно со 03.10.2020 година.

- Само кандидатите кои ги исполнуваат условите наведени во огласот, ќе бидат повикани на иницијален разговор во процесот на селекција.

- Изборот ќе се изврши во роковите предвидени во Законот за работните односи.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »