Лице за обезбедување

За компанијата: LeGrand Casino останува едно од првите и најдобрите казина во Северна Македонија, главна дестинација за пошироката јавност, бидејќи казиното континуирано се oбновува и подобрува повеќе од 25 години од отворањето во Скопје и Битола. Зачувувајќи ја традицијата, но сепак секогаш иновативни. повеќе за компанијата »

Ле Гранд Казино Скопје вработува Лице за обезбедување.

 

Работни одговорности на Лице за обезбедување во Ле Гранд Казино Скопје

- Опсервација на активностите во казиното;

- Грижа за редот и мирот во казиното согласно процедурите за работа;

- Културно и професионално асистира на потребите на гостите;

- Други одговорности поврзани со работното место Лице за обезбедување.

Кандидатот треба да ги поседува следните карактеристики:

- Одговорност и посветеност кон работата;

- Лојалност, чесност и доверливост;

- Комуникативна личност со професионален однос кон клиентите;

- Проактивна, вредна и енергична личност;

- Способност за индивидуална и тимска работа;

- Флексибилност за опсервација и брза реакција.

Потребни квалификации и компетенции:

- Задолжителна важечка Лиценца за обезбедување;

- Минимум средно образование (ССС);

- Најмалку две години искуство на иста или слична позиција;

- Работа во 3 смени;

- Основно познавање на англиски јазик се смета за предност.

Доколку станете наш вработен добивате:

- Основна плата + додатоци на плата согласно Закон за работни односи (Минат труд, Работа во недела, Работа на празник, Ноќна смена, Прекувремено работно време) + типс согласно правилникот за бодирање на типсот за ова работно место

- Можност за напредок согласно направените евалуации од страна на претпоставените лица

- 50% попуст на сместување во сместувачките капацитети на Ресорт Маврово

- Обуки и тим билдинг активности

Локација: Скопје

Тип на вработување: Полно работно време

Рок за пријавување на огласот: 31.07.2021

Како да аплицирате:

Пратете ни ја Вашата комплетна апликација (CV и Мотивационо писмо) на следниот меил: [најави се за да го видиш е-маилот] и во subject наведете „Лице за обезбедување – Ле Гранд Казино Скопје“.

Лице за контакт: Димитрија Ристевски – Сектор за Човечки ресурси

Disclaimer:

- Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции и кои ќе имаат комплетна апликација;

- Кандидатите во процесот на селекција ќе бидат тестирани;

- Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата;

- Ле Гранд Казино Скопје е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »