МЕНАЏЕР ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

За компанијата: Евротип спортските обложувалници се прва битолска компанија која се занимава со приредување на игри на среќа – спортско обложување. Првата локација за остварување на нашата дејност е во Битола. Компанијата... повеќе за компанијата »

Опис на работни задачи:

  • Организирање, планирање и надзор на работата на секторот
  • Подготовка и спроведување на процедури, правилници, упатства и обрасци од секторот за Човечки Ресурси
  • Следење и преземање активности за реализација на усвоените планови за работа
  • Активно учество во процесот на избор и селекција на нови вработени
  • Следење и унапредување на процесот на унапредување на вработените
  • Следење и унапредување на системот на мотивација на вработените
  • Го следи спроведувањето на одобрените обуки и иницира спроведување нови обуки за развој на вработените
  • Грижа за подобрување на условите за работа
  • Работа во согласност со соодветните закони
  • Координација на работата со другите сектори

Потребни квалификации:

  • Високо образование – Економски факултет, Правен факултет, Психологија
  • Претходно работно искуство од најмалку 5 години
  • Искуство во раководење со тим
  • Одлично познавање Англиски јазик
  • Одлично познавање на MS Office

Личен профил:

  • Високо развиени комуникациски и организациски вештини
  • Способност за комуникација со вработени на различни нивоа и справување со комплексни ситуации
  • Способност за тимска работа, формирање и водење на тим
  • Способност за работа под притисок и во кратки рокови
  • Професионален и позитивен однос
  • Способност и желба за понатамошно стручно усовршување на своите познавања и искуства

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »