Доставувач на роба - возач

  • Објавен на 9.2019
  • Inter-Kasto dooel
  • Активен до 15.10.2019
  • Позиција: Возач/Управувач
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 3121278;070338588;

(преземи го огласот во Word)

INTER KASTO DOOEL СКОПЈЕ има потреба од следната работна позиција:
 

ДОСТАВУВАЧ НА РОБА - ВОЗАЧ

 

  • ПЛАТА: основна плата 16.800,00 ден со можност за екстра услови за бонуси.

 

Возачот ги извршува сите работи поврзани со уредна испорака на роба. Тие работи се однесуваат на проверка на квантитетот и подготовка на роба согласно документацијата, креирање на рута - план за дневна испорака, организација на истата и утовар во возилото согласно планот за испорака, достава на робата до клиентите.
 
 
Одговорности на возач - доставувач на роба:

  • Подготовка и обезбедување на возилото со соодветна потребна документација за извршување на испораките како и проверка на исправноста и безбедноста на возилото
  • Безбедно возење и придржување кон Законите, правилата и прописите за безбедност и учество во сообраќајот
  • Подготовка на робата за испорака, контрола на нејзината квантитативност во согласност со документацијата
  • Креирање на рута - план за дневна испорака согласно потребите на клиентите како и временската расположливост за реализација на истиот
  • Достава на робата до просториите на клиентите, контрола на истата за уредно предавање согласно документацијата и обезбедување на соодветни параграфи за уредно извршена испорака
  • Телефонска комуникација со клиентите за нивно известување во случај на отстапки во однос на ветениот термин за испорака
  • Одржување на комуникација и постојана информираност на претпоставениот заради информирање за настанати промени во испораката, промена на рутата или распоредот
  • Информирање на претпоставениот за било какви опструкции кои може да ја загрозат безбедноста или ефикасноста нанавремените испораки
  • Одговорно однесување кон возниот парк и уредна евиденција за негово редовно сервисирање, одржување и регистрација, постојана проверка со доволно гориво, масло и секогаш нивна подготвеност за возење
  • Извештаи до претпоставените за извршените испораки

 

Квалификации и образование:

  • Завршено средно образование ;
  • Важечка возачка дозвола Б категорија, без казни и прекршоци ;
  • Работно искуство како возач-доставувач или слична позиција ;
  • Основна компјутерска писменост ;


 

Потребни професионални способности:

  • Одлични услужни способности, културно и претставително однесување кон клиентите ;
  • Познавање на патната инфраструктура и способност за креирање на економски исплатлива и ефикасна брза рута
  • Одлични организаторски способности и способност за менаџирање на времето

 

Потребни персонални способности:

  • Добри меѓучовечки односи;
  • Култура на однесување,  уредност, навременост ;
  • Ефикасни комуникациски способности;
  • Тимска работа ;


 

Локација на седиште на работната позиција: ул. Kiro Gligorov br.4

Работно време: 08:00-16:00
Работни саати неделно: 40 часа.
Работа во смени: не

 

Доколку ги поседувате бараните предиспозиции и Вашиот профил одговара на бараните карактеристики, Ви благодариме доколку аплицирате и пројавите интерес да бидете дел од нашиот тим.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »