Оглас за вработување на Внатрешен ревизор - помлад ревизор

За компанијата: ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје:

Самостоен соработник за премиско сметководство - Самостоен соработник за финансии

Извршител: 1

  • Потребни услови:
  • ВСС 7/1 степен, Факултет и посебно Овластување за ревизор;
  • 8 години работно искуство;
  • Најмалку 3 години работно искуство во областа на осигурувањето;
  • Познавање и работа на компјутери; и
  • Пожелно е познавање на англискиот јазик.
  • Опис на работите и задачите:
  • Врши целосна ревизија на работењето на Друштвото со цел да се утврди дали Друштвото работи согласно Законот за супервизија на осигурување и останатите Закони;
  • Ги извршува и задачите определени со Годишниот план за ревизија кој го донесува Одборот на директори на Друштвото;
  • Најмалку два пати годишно, изготвува извештаи за спроведената внатрешна ревизија, односно за своето работење изготвува квартални извештаи по изминување на секој квартал од годината;
  • Изготвува годишен извештај за внатрешната ревизија и истиот го поднесува до Одборот на директори на Друштвото за мислење и до Агенцијата за супервизија на осигурување;
  • Доколку при спроведување на внатрешната ревизија се утврди дека Друштвото ги повредило правилата за управување со ризик и како резултат на тоа му претстои неликвидност или несолвентност, или е доведена во опасност сигурноста на работењето на Друштвото, веднаш за тоа го известува Одборот на директори на Друштвото и;
  • Врши други работи  согласно Законот за супервизија на осигурување и по барање на Одборот на директори и Извршниот директор на Друштвото.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »