Шпедитер / Царински Декларант

За компанијата: Our company RR2 Infinitum DOOEL with more than 20 years of experience as a provider of logistics services in the global exchange of goods by land transport LTL&FTL, global air transport and cargo logistics... повеќе за компанијата »

Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини: 

  • CСС/ВСС,
  • Пожелно но незадолжително / Лиценца за царински декларант
  • Добри комуникациски вештини, доверливост и високо ниво на самодоверба,
  • Систематичност, организираност, иницијативност, аналитичност, објективност,
  • Напредно познавање на работа со MS Office и одлично познавање на работа во царински системи,
  • Задолжително Познавање на англискиот јазик (усно и писмено).

Одговорности и работни задачи:

  • Подготвува и изработува царински декларации (за Редовно царинење, Овластен приемач, Поедноставена постапка за локален увоз и др.),
  • Обезбедува информации и документи за извршување на царинските постапки,
  • Врши правилно распоредување на стоките во согласност со Царинската Тарифа,
  • Врши комплетна обработка на предметите, од предавање на Царина, преглед на стоките, раздолжување на декларациите, до и по завршување на постапката на царинење,
  • Контактира со клиентите околу оперативните работи при царинењето, реализација и документација, плаќање царински давачки  и друго,
  • Изработува и процесира разни барања, молби, промени на податоци, непотполни податоци, запазување рокови итн.,
  • Процесира Барања и Дозволи во електронскиот систем на дозволи ЕКСИМ,
  • Одгoворен е за правилна и доверлива употреба на документацијата со компаниски  информации и обележја,
  • Одговорен е за коректна и легална употреба на опремата и уредите во сопственост на фирмата,
  • Ги следи промените во прописите, законите, постапките од царинското работење,
  • Проследува налози за фактурирање за извршените работи,
  • Работи и други работи во делокругот на работењето на фирмата, по налог на претпоставените,
  • Активно поднесува и завршува царински предмети .

Што нудиме?

  • Одлична работна атмосфера,
  • Обука,
  • Неделното работно време 40 часа.

Доколку сте заинтересирани за работната позиција, а воедно го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи на работното место, испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail:  [најави се за да го видиш е-маилот] ,  со назнака:  VRABOTUVANJE

Огласот е активен до 01/07/2020 година.

Општи правила за аплицирање:

  • Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот).
  • Назнака на позицијата за која се аплицира
  • Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во РР2 Инфинитум или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »