Асистент за продажба

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Во име на нашиот клиент MAX&Co, современ моден бренд креиран во Италија кој е присутен на пет континенти со повеќе од 400 продажни места, ДЕКРА ја огласува позицијата:

  • АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

  • Брза, внимателна и соодветна услуга за сите клиенти;
  • Работа на каса, наплата (готовина и платежни картички);
  • Следење на лагер на артикли во продажниот салон и екстерен магацин;
  • Учество во правење на попис на артикли;
  • Прием на роба во продажен салон и магацин;
  • Одржување и уредување на продажниот простор.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Завршено средно образование;
  • Минимум 2 години работно искуство во областа;
  • Познавање на англиски јазик.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Високо ниво на комуникациски вештини;
  • Позитивен став;
  • Вештини за преговарање и убедување.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ:

Работа во смени ( прва, меѓусмена и втора). Се работи од понеделник до недела, со еден слободен ден во неделата.

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.

Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »