Офис Менаџер

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Во име на нашиот клиент Динерс Клуб Македонија, компанија со 25 годишна традиција во областа на платежно кредитните картички, ДЕКРА ја огласува позицијата:

  • Офис Менаџер

ОПИС НА РАБОТНАТА ПОЗИЦИЈА

  • Управување со дневните канцелариски функции / активности;
  • Спроведување на канцелариските политики и процедури;
  • Вршење нарачки на канцелариски и потрошен материјал;
  • Одговарање и проследување на влезна комуникација;
  • Одржување комуникација и деловни односи со соработници и добавувачи;
  • Прием на гости и деловни соработници и нивно спроведување до соодветен вработен / оддел / канцеларија;
  • Водење на дигитална архива – прием и заверка на влезни / излезни документи и нивна распределба;
  • Комуникација со надворешна (outsourcing) фирма за управување со физичка архива – предавање, попис и поништување на архивски документи;
  • Учество во процес на попис на основни средства;
  • Организирање и планирање на состаноци на вработени;
  • Организирање и планирање на деловни настани во и надвор од канцеларија;
  • Активна комуникација и соработка со останати оддели во Друштвото.

КВАЛИФИКАЦИИ

  • Завршено високо образование;
  • Одлична работа со компјутери;
  • Одлично познавање и работа со MS Office пакет;
  • Одлично познавање и користење на англиски јазик (усно и писмено);
  • Познавање на албански јазик ќе се смета за предност;
  • Познавање на канцелариско и архивско работење ќе се смета за предност.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Одговорност и уредност во извршување на секојдневните обврски;
  • Аналитичност, организираност и самоиницијативност;
  • Способност за тимска работа;
  • Способност за истовремена работа на повеќе задачи;
  • Способност за работа под притисок и работа со кратки рокови;
  • Професионалност и дискретност.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Доколку сте заинтересирани за отворената работна позиција, своите професионални биографии можете да ги испратите на:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Крајниот рок за аплицирање е : 15/03/2022

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта:  [најави се за да го видиш е-маилот]

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »