Раководител на подсектор за магацин и логистика

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

ДПТУ „ЖИТО“ извоз – увоз ДООЕЛ Велес, објавува оглас за следниов профил на вработен:

  • Раководител на подсектор за магацин и логистика

Потребни квалификации:

  • Високо образование ќе се смета за предност;
  • Напредно познавање на MS Office;
  • Лидерски способности и вештини, развиено чувство за односи и комуникација со вработени;
  • Изразени аналитички способности;
  • Висок степен на одговорност, целосна посветеност на работата, комуникативност, тимска работа, професионалност, способност за работа во динамично темпо;
  • Возачка дозвола (најмалку Б категорија);
  • Претходно работно искуство на иста позиција (ќе се смета за предност) минимум 2 години.

Работни задачи:

  • Организација и координација на магацинското работење, следење на ниво на оптимални залихи на производи, иницирање на нарачки на стоки во координација со комерцијалниот сектор и менаџментот, како и организација на дневни испораки на роба;
  • Планирањр и управување со работата на сите  магацински работници, надзор на процесот на утовар и истовар како и хигена на условите во магацинот;
  • Прецизно водење на материјална  евиденција на стоки на залиха и нивно совесно и одговорно менаџирање;
  • Прави проверка и контрола на влезна и излезна роба, по проценка;
  • Врши контрола и надзор на точноста на состојбата со залихите, повремено, по потреба;
  • Изготвува дневни, неделни и месечни извештаии за работењето на магацинот;
  • Ги извршува сите други работи на своето работно место на барање на претпоставениот.

Ние нудиме:

  • Пријатна работна атмосфера;
  • Пријава на полно работно време (компетитивна плата + бонуси);
  • Можност за кариерен раст и напредок;
  • Обуки и активности за јакнење на тимот;
  • Дополнително приватно здравствено осигурување за лојалните вработени.

Доколку мислиш дека ова е твојата идеална работна позиција,
тогаш испратете го вашето 
CV на меил:  [најави се за да го видиш е-маилот]
моб/вибер: 075/425-608адреса: ул. Благој Ѓорев, бр. 166, 1400 ВЕЛЕС

                                                БИДЕТЕ И ВИЕ ДЕЛ ОД НАШИОТ ТИМ!

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »