Специјалист за човечки ресурси

  • Објавен пред 2 месеци
  • Декра
  • Активен до 25.01.2019
  • Позиција: Психолог/филозоф
  • Локација: Скопје

Активни огласи од Декра:

Customer Development Manager (m/f) - Product Trainer

ДЕКРА во Македонија е лидер во областа на човечките ресурси. Основана е во 2006 година одстрана на DEKRA Arbeit Group со седиште во Штутгарт, Германија.

ДЕКРА нуди широк спектар на услуги со цел да ги пресретне различните барања на клиентите од областа на човечките ресурси и да обезбеди иновативен концепт на долготрајно вработување и развој на човечкиот капитал, флексибилна и прилагодена кон клиент регрутација, привремено вработување, подучување и професионален развој, истражувања и анализи на пазарот на труд, како и креирање на долготрајни партнерства со своите клиенти.

ДЕКРА го проширува својот тим со уште еден член на позицијата:

  • Специјалист за човечки ресурси

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

  • Регрутација и селекција на кадри;
  • Интервјуирање и евалуација на кандидати;
  • Подготовка на понуди на клиенти;
  • Одржување на база на кандидати;
  • Подготовка на огласи за работа;
  • Други работи во доменот на човечки ресурси.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Висока стручна подготовка;
  • Пожелно е претходно работно искуство од минимум една година;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Познавање на MS Office.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Насоченост кон постојан развој и подобрување на сопствените вештини и знаења;
  • Способност за работа во тим и самостојно;
  • Одлични комуникациски вештини.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

ДЕКРА нуди можност за континуиран професионален развој и работа во пријателска атмосфера.

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови,  своите професионални биографии можат да ги проследат на: job@dekra.mk со назнака на позицијата за која аплицираат.

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 21/01/2019.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

КЛИКНИ