Стручен соработник/медицински претставник за Македонија

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Наш клиент е компанија која е докажан лидер на пазарот во доменот на фармацијата, нудејќи ги своите производи и услуги на аптеки и веледоргерии. Во име на својот клиент, Декра ја огласува следнава позиција:

  • СТРУЧЕН СОРАБОТНИК/МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК ЗА МАКЕДОНИЈА

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

  • Секојдневна посета на доктори и фармацевти и промоција и презентација на производите и рекламниот материјал;
  • Поттикнување на продажбата на производите во аптеки и веледоргерии;
  • Остварување на резултати од зададени продажни планови и задачи.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Завршено Високо Образование- медицински, стоматолошки или фармацевтски факултет;
  • Пожелно е минимум шест месеци до една година искуство на иста или слична позиција;
  • Одлично познавање на MS Office пакетот;
  • Одлично познавање на Англиски јазик;
  • Валидна возачка дозвола, Б категорија.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Диманична личност со изразени комуникациски и презентациски вештини;
  • Проактивност, организираност и ориентираност кон остварување на резултати;
  • Висок степен на одговорност и самоиницијативност;
  • Висока мотивираност и професионалност;
  • Способност за тимска работа.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на [најави се за да го видиш е-маилот] .

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до 21/04/2017.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »