Административен асистент

За компанијата: Најголемиот принт центар во Македонија, Polyesterday, со брзо темпо го продолжува својот раст. Тимот од стручни, посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнување. повеќе за компанијата »

Активни огласи од ПОЛИЕСТЕРДЕЈ:

Графички дизајнер - Оператор за доработка - Плакатер

Најголемиот принт центар во Македонија Polyesterday, со брзо темпо го продолжува својот раст. Тимот од стручни, посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнување. Ние ги сметаме своите човечки ресурси за клучен фактор во нашиот брз и одржлив развој.

Полиестердеј го зголемува својот тим,  во потрага сме по мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција – Административен асистент.

Потребни квалификации:

  • Образование: ССС / ВСС,
  • Солидно познавање на Microsoft Office програмите,
  • Основни вештини за административно работење,
  • Организациски и комуникациски вештини и способности,
  • Подготвеност за самостојна работа и работа во тим,
  • Претходно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност.

Работни задачи и одговорности:

  • Комуницикација со клиенти по телефон/меил,
  • Известување клиенти за готови материјали, пробни примероци,
  • Проверка на готови материјали со работните налози,
  • Изготвување  на профактури и фактури,
  • Прием на пошта и архивирање,
  • Организација на достава.

Што нудиме:

  • Постојана поддршка и помош во периодот потребен за адаптација,
  • Обуки во текот на работењето,
  • Можност за учење и стекнување нови вештини,
  • Обезбеден превоз до работното место,
  • Колективно осигурување во случај на незгода,
  • Безбедни услови за работа според највисоки стандарди,
  • Навремена исплата на плата, додатоци на плата – минат труд и К-15.

Искористете ја можноста да бидете дел од нашиот тим со испраќање на Вашето CV на [најави се за да го видиш е-маилот]  со наслов: “за работна позиција Административен асистент”.

Само кандидатите кои ќе влезат во најтесниот круг ќе бидат контактирани од страна на претставнци на нашата компанија.

Веб сајт:

www.print.mk

www.polyesterday.com.mk

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »