За компанијата: Почетоците на ДОО Цермат од Битола датираат од 1995 година кога е основана како фирма во приватна сопственост за производство на сладолед. Како современа европска компанија ги следи светските трендови со постојано усовршување во уметноста наречена сладолед.
повеќе за компанијата »ЦЕРМАТ ДОО со седиште во Битола, има потреба од вработување на едно лице на работно место: РЕЦЕПЦИОНЕР/КА.
Потребни квалификации:
- Завршено минимум средно образование (високо образование ќе се смета за предност)
- Одлично познавање на англиски јазик
- Одлично познавање на компјутерски office апликации.
Лични вештини:
- Комуникативна, одговорна и лојална личност
- Љубезност и педантност, со позитивен став
- Професионален однос
- Способност за индивидуална и тимска работа
Основни задачи и одговорности:
- Водење на административни работи (архивирање на документација во електронски софтвер за архивско работење ; евиденција на пристигната пошта/ испратена пошта и останати работни обврски од делокругот на работењето)
- Прием и послужување на гости,
- Одговарање на телефонски повици и нивно насочување кон соодветните лица.
Заинтересираните кандидати да достават CV (со слика) на Македонски Јазик на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака: Апликација за Рецепционерка.
Слични огласи »