Стручен Соработник

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Наш клиент e Фармахем, компанија со 32 годишно искуство во областа на трговија со лабораториска опрема, која нуди интегрални решенија за сите потреби на медицински, аналитички, градежни и прехранбени лаборатории. Во име на својот клиент ДЕКРА ја огласува позицијата:

  • СТРУЧЕН СОРАБОТНИК

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

  • Продажба, инсталација и одржување на високо софистицирана опрема за лабораториски и индустриски мерења. Соработнкот треба активно да биде вклучен во сите програми што ги застапува секторот кои нудат широк избор на инструменти што мерат и следат многу параметри како: тежина, густина, температура, релативна влажност, притисок, електрични величини, проток, емисии, агол на рефракција, спектрофотометарски мерења, киселост, кондуктивност, воден активитет и т.н.
  • Комуникација со клиентите, прозводителите на опремата и подизведувачите;
  • Вклученост во анализа на нови програми кои се комплементарни со постоечките со цел проширување на работата во рамките на секторот;
  • Организација на активностите, административните барања околу нарачката; доставата и сервисот на опремата.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Завршено високо образование: Машински факултет, Природно математички факултет, Технолошко-Металуршки факултет;
  • Познавања од областа и работно искуство во иста или сродна област минимум 5 години;
  • Одлично познавање на работа со компјутер (Microsoft Office и Internet);
  • Одлично познавање англиски јазик (пишување и зборување).

ПОТРЕБНИ ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ

  • Самоинцијативност, способност за извршување повеќе работни задачи истовремено, приспособување на нови и различни задачи, тимска работа, комуникативност;
  • Личност којашто поседува аналитичен ум, динамичност, фокусираност и доверливост;
  • Високо организирана личност, брза, прецизна и ефикасна;
  • Поседување Б возачка дозвола и активно возење.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Клиентот преку современо опремени лаборатории, здрава храна и здрава животна средина, тежнее кон развој и придонес кон подобар квалитет на живеење за сите.

Со своето богато портфолио на услуги и решенија, како и општествено одговорна компанија нуди:

  • Атрактивна и динамична работа;
  • Можност за надградба на професионален план;
  • Контакт со најсовремени технологии од светски реномирани фирми во областа;
  • Одлични услови за работа.

Позицијата е со седиште во Скопје и работно време од 08:00–16:00 часот (понеделник–петок).

Доколку сте заинтересирани за отворената работна позиција, своите професионални биографии можете да ги испратите на:  [најави се за да го видиш е-маилот] .

Крајниот рок за аплицирање е : 17/02/2022

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.

Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »