Претставник за услуги на клиенти со германски јазик (м/ж)

За компанијата: Специјализирани за искуство со клиенти, продажба и маркетинг преку гласовни и дигитални канали. повеќе за компанијата »

Дали си подготвен/а за кариера во која секој ден открива нови можности и е исполнет со возбуда? Замисли се себеси во улога на Претставник за услуги на клиенти со германски јазик за еден од најголемите синџири за достава на свежа храна каде што секојдневно комуницираш со клиенти обидувајќи се да им го подобриш животот преку големиот избор на свежи производи. Придружи ни се на ова забавно патување и биди гласот на вкусната свежа храна во светот што зборува германски јазик!

 

Што ти нудиме?

  • Конкурентна плата од 52.275 денари;

  • Бонус за добредојде од 9.000 денари;

  • Можност за договор за вработување: гаранција за стабилност во кариерата;

  • Приватно здравствено осигурување: твоето здравје е наш приоритет;

  • Платена обука: инвестираме во твојот успех;

  • Месечни бонуси за перформанси: трудот заслужува признание;

  • Бонуси за препораки: награда за твојата лојалност;

  • Модерни канцеларии во центарот на Скопје: чувствувај се како дома додека работиш;

  • Можност за работа од дома по 3 месеци успешна адаптација и достигнати очекувани перформанси;

  • Корпоративни попусти за нашите вработени во различни објекти;

  • Проширување на вашите знаења: со нашата компаниска платформа за учење стекни нови вештини;

  • Кариерен развој: патеката на твојот напредок исцртај ја заедно со нас;

  • Глобално искуство: бидејќи имаме многу колеги од целиот регион кои со нетрпение чекаат да те запознаат!

 

Придружи ни се како Претставник за услуги на клиенти со германски јазик!

Твојот работен ден ќе биде комбинација од:

  • Секојдневна употреба на германскиот јазик: комуникација со актуелните клиенти на компанијата за достава на свежи намирници;

  • Подобрување на корисничкото искуство: споделувај информации и совети за најновите подобрувања на услугите кои компанијата ги нуди;

  • Персонализирани решенија: спој ги потребите на клиентите со совршените понуди;

  • Ќе имаш целосна поддршка од својот Тим лидер како и од останатите членови на тимот;

 

Што бараме?

  • Германски гуру: задолжително течно познавање на германскиот јазик (усна и писмена комуникација);

  • Основни познавања од работа на компјутер;

  • Можност за работа од канцеларија во Скопје;

  • Одличен комуникатор: ефективна, јасна и транспарентна комуникација;

  • Љубопитна личност: жед за стекнување нови знаења;

  • Тимски играч: желба за отворена соработка со цел остварување на заеднички цели;

  • Амбициозност: личен и професионален развој е твоја цел;

  • Претходно работно искуство во оваа област се смета за предност но не е задолжително;

 

Само апликациите добиени преку овој линк https://apply.careers.transcom.com/careers/JobDetail?jobId=4382&source=Kariera.mk ќе се земат во предвид.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »