Претставник за логистика

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Наш клиент Bio Save -  Македонија е дел од Bio Save Групата, лидер во својата област присутен во 7 земји од регионот со 11 канцеларии, застапник на банката за матични клетки FamiCord и пренаталниот тест Harmony. За потребите од проширување на нивниот тим, ДЕКРА ја огласува следната позиција:

ПРЕТСТАВНИК ЗА ЛОГИСТИКА

ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО

  • Развивање и одржување на односи со клиенти
  • Организација и логистика за пратки во државата и во странство
  • Изработка на потребната документација
  • Планирање и организирање на активности
  • Исполнување на зададени административни задачи
  • Поддршка на продажни и маркетинг активности
  • Контрола на квалитет

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Мин CCC – од областа на медицина или некоја од сродните медицински гранки , завршено ВСС ќе се смета за предност
  • Искуство на иста позиција не е задолжително но ќе се смета за предност
  • Одлично познавање на работа со MS Office Suite и Internet
  • Одлично познавање на македонскиот и англискиот јазик (усно и писмено)
  • Задолжително поседување на возачка дозвола Б категорија (активен возач)

ЛИЧНИ КАРАКТЕРИСТИКИ И ВЕШТИНИ:

  • Професионален однос кон клиенти
  • Тимски дух, комуникативен, организиран и систематичен во работењето
  • Одлични комуникациски и презентациски способности
  • Организираност и одговорност кон доверените работни задачи
  • Динамичност, флексибилност и самоиницијативност

КЛИЕНТОТ НУДИ:

  • Службено возило за обавување на работните активности,
  • Телефон и лаптоп
  • Тренинзи и едукација согласно процедурите на компанијата
  • Mожност за долгорочна и стабилна работа во комплетно опремена работна средина пријатна и работна атмосфера каде вработените имаат чувство на припадност

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Работно време е од 8:30/9:30  до 13:30/14:30  со планирано дежурство за време на викендите и слободен два викенди во месецот за потребите за обавување на транспорт на биолошки материјал од породилиштата во државата.

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови своите професионални  биографии можат да ги испратат на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака “Претставник за логистика”.

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 01/09/2021.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.

Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »