Координатор за поддршка во продажба на осигурување

За компанијата: Ризико Осигурување АД Скопје е акционерско друштво регистрирано за извршување осигурително брокерски работи со дозвола за работа издадена од Агенцијата за супервизија на осигурување на Република Македонија. Ризико... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

РИЗИКО ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје

објавува

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

 

Работно место: Координатор за поддршка во продажба на осигурување

 

     Ризико Осигурување АД Скопје е акционерско друштво регистрирано за извршување осигурително брокерски работи со дозвола за работа издадена од Агенцијата за супервизија на осигурување на Република Македонија.

     Ризико Осигурување АД Скопје е основано во 2017 година. Во друштвото работат лица со долгогодишно искуство во осигурителниот сектор со поставена мисија да овозможат  максимално квалитетна заштита од идни ризици на своите клиенти, преку давање навремена и транспарентна можност за избор на производи од понудената палета на производи од осигурителните компании застапени на македонскиот пазар.

 

Опис на работните задачи:

  • Обезбедува и анализира понуди од осигурителни компании во согласност со барањата на продажната мрежа;
  • Изготвува анализа на ризик и предлага соодветно осигурително покритие;
  • Врши обука на вработени и соработници за осигурителни производи и работа во информатичкиот систем на Друштвото;
  • Презентира осигурителни производи на клиенти;
  • Обезбедува поддршка на продажниот тим на компанијата;
  • Дава стручни упатства, помош и мислења по прашања од делокругот на работа и ги толкува условите на осигурување и тарифите на премија;
  • Изготвува анализи на деловни резултати на продажниот тим и предлага мерки за подобрување на резултатите;
  • Учествува во контакти со потенцијални и постојни договорувачи на осигурување и соработници за продажба;
  • Дава предлози за стручно и технолошко унапредување на продажбата;
  • Укажување на помош на осигуреникот во текот на важењето на договорот за осигурување во случај на настанување на штетен настан.

Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:

  • Работно искуство во осигурување минимум 2 години;
  • Познавање на соодветни програмски алатки (MS Office);
  • Одлични комуникациски, презентациски и продажни вештини;
  • Посветеност, прецизност, одговорност, способност за аналитичко размислување;
  • Способност за индивидуална и тимска работа.

Нудиме

  • Конкурентна почетна нето плата и бонуси
  • Работно време од понеделник до петок од 8:30 – 16:30
  • Работа 40 часа неделно
  • Можности за развој и напредок соодветно на перформансите
  • Соодветна обука и развој, сесии за размена на знаења и запознавање со работата на компанијата
  • Работа во динамична и стимулативна средина

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите наведени во огласот треба да  достават своја кратка биографија (CV) со фотографија најдоцна до 05.12.2022 година на e-mail адреса: riziko@riziko.mk со задолжително наведување во предмет на дописот за позицијата за која аплицираат “Координатор за поддршка во продажба на осигурување

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »