Директор за продажба

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Еуро Табак е компанија со 20 годишно искуство во секторот на дистрибуција, логистика и продажба. Со големо портфолио на производи со врвен квалитет, компанијата цели кон совршена, навремена и прецизна дистрибуција на производите до крајните потрошувачи.

Во име на својот клиент, ДЕКРА ја огласува позицијата:

  • Директор за Продажба

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

  • Остварување на продажните планови, цели и резултати со цел зголемување на приходите и профит за компанијата
  • Остварување на клучните индикатори на перформанс во секторот и максимизирање на уделот во пазарот преку развивање на врвна понуда за купувачите и зголемување на нивното задоволство;
  • Организирање, координирање и контрола на продажните активности.
  • Дизајнирање и спроведување на стратешки продажен план кој ја проширува базата на клиенти на компанијата;
  • Поставување цели, обука и следење на перформансите на претставниците за продажба.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Минимум 5 години работно искуство како менаџер за продажба;
  • Искуство во Тобако или FMCG индустрија;
  • Дипломски или додипломски студии;          
  • Интернационални сертификати;
  • Одлично познавање на англиски и српски/ хрватски јазик;
  • Одлични комуникациски и презентациски способности.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ:

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.

Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »