Овластен сметководител

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

  Во име на наш клиент, една од најголемите веледрогерии со лекови, ДЕКРА ја огласува следната позиција

    ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ

 

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО :

  • Евиденција и контрола на влезна сметководствена документација;
  • Книжење на денарски и девизни изводи;
  • Денарски, девизни и меѓукомпаниски плаќања; уплати, исплати, благајна;
  • Водење синтетичка и аналитичка сметководствена евиденција на трошоците и обврските;
  • Сложување на аналитички картици со комитенти;
  • Доставување на сите потребни поднесоци и извештаи до УЈП,ЦРМ,НБРМ и други институции;
  • Изготвување на месечни пресметки за ДДВ,ЗД и ПДД;
  • Водење материјална евиденција на залиха, ситен инвентар и основни средства;
  • Анализа на бруто биланси;
  • Изготвување на месечни/квартални извештаи за парични текови;
  • Активно учество во годишните пописи, интерни и екстерни ревизии и контроли, како и активна комуникација со регионалната дирекција;
  • Месечно затворање на сметководството и изработка на прегледи поврзани со истото;
  • Помош при изготвување на завршна сметка;
  • Изработка на завршна сметка.

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • ВСС;
  • Минимум 3 години работно искуство на иста позиција;
  • Лиценца за овластен сметководител;
  • Одлично познавање на деловен англиски јазик;
  • Одлично познавање на MS Office;
  • Познавање на работата со ERP софтвери (SAP);
  • Возачка дозвола Б категорија.

 

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ:

  • Добри комуникациски и организациски вештини;
  • Аналитички способности;
  • Одговорна и темелна личност;
  • Способност за работа под притисок и рокови;
  • Лојална кон работата и компанијата, ги заштитува податоците гарантирајќи доверливост, дискреција и чување на рејтингот и имиџот на организација.

 

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ:

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови своите професионални  биографии можат да ги испратат на: [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака Овластен сметководител.

Крајниот рок за аплицирање е 20/04/2022.

Ќе бидат контактирани само оние кандидати кои ќе влезат во потесен избор.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »