Сметководител

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Во име на својот клиент Био Медика, компанија која се занимава со продажба на медицински потрошен материјал и опрема за операциони сали, ДЕКРА ја објавува позицијата:

  • Сметоководител

ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО

  • Комплетно водење и контрола на сметководственото работење;
  • Контрола на книжење на финансиската и материјална документација;
  • Книжење на сметководствена документација, влезни (услуги, материјали, основни средства), излезни фактури,изводи, увози (калкулации за увоз), ДДВ;
  • Изготвување на финансиски неделни и месечни извештаи;
  • Ги врши сите подготвителни работи во врска со годишната сметка;
  • Врши контрола на сите влезни и излезни документи согласно законската регулатива како и сметководствените политики на фирмата и нивна сметководствена обработка;
  • Комуникација со сите релевантни државни институции.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Диплома за завршен Економски факултет;
  • Уверение за овластен сметководител;
  • Минимум 2 години работно искуство;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на MS Office пакет;
  • Познавање на Collab сметководствен програм, ќе се смета за предност.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Ориентираност кон рокови и способност за извршување на повеќе активности истовремено;
  • Добри аналитички способности, прецизност, уредност и одговорност;
  • Мотивирана и стабилна личност;
  • Флексибилност за индивидуална и тимска работа.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови,  своите професионални биографии можат да ги проследат на:  [најави се за да го видиш е-маилот]  .

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 02/02/2021.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »