Дипломиран Машински Инженер

За компанијата: Р.Ж'Услуги' А,Д. Скопје е акционерско друштво кое произлезе како еден од правните следбеници од трансформацијата на ”Рудници и Железарница”Скопје-Скопје, а со тоа ги продолжува правата и обврските на... повеќе за компанијата »

РЖ УСЛУГИ АД Скопје ги смета своите човечки ресурси за клучен фактор за одржлив развој. 
Ние се потпираме на вештините и залагањата на нашите луѓе од сите нивоа на хиерархијата.
Наша цел е да ги привлечеме, развиваме и задржиме најдобрите професионалци, при што им
овозможуваме креативен развој на кариера и ги наградуваме нивните резултати. На тој начин
стекнуваме долготрајни вредности и конкурентска предност.
РЖ УСЛУГИ АД Скопје објавува оглас за вработување на

 

1. Дипломиран Машински Инженер

Инженерот ќе учествува во работата на постројките и е одговорен за одредена фаза од одвивањето на технолошкиот процес. Преку дефинирани задачи, инженерот ќе придонесува за оптимално функционирање на процесот, добивање на квалитетен производ и максимално искористување на капацитетите, организирање на човечките ресурси, а сето тоа со максимално ангажирање за безбедно извршување на задачите, како и со грижа за заштита на животната средина. Учествува во следење на работата на одделните постројки преку процесните параметри и на лице место, изработка на извештаи, решава специфични проблеми.

Работата се извршува од 08:00 до 16:00часот. 

 

Квалификации на кандидатите:

  • Дипломиран инженер ВСС VII степен (240 кредити), машински факултет 
  • Со минимум 5 години работно искуство
  • Возачка Дозвола Б категорија
  • Познавање на Microsoft Officе, CAD софтвер и познавање на останати апликации ќе се смета за предност.

 

Конкурентски предности за сите работни позиции:

  • Желба за работа во средина со високи барања
  • Одлични аналитички, комуникациски и организаторски способности
  • Динамичност, ефективност и ефикасност
  • Флексибилност и адаптибилност
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност
  • Тимска работа и кооперативност
  • Решавање на проблеми

 

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:
1.    Мотивациско писмо
2.    Биографија (CV)
3.    Доказ за завршено образование


Огласот трае 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите  треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.
Вработувањето е со полно работно време (40 часа неделно), на определено време од 12 (дванаесет) месеци,

со можност за продолжување на неодредено време.
Аплицирањето се врши со испраќање на потребните документи на следната е-маил адреса  [најави се за да го видиш е-маилот] ,

со назнaка “ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ – Позиција за која се конкурира “
Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.
Краен рок за пријавување:15.06.2022

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »