Сметководител

  • Објавен на 9.2017
  • ВФВ КОНСАЛТИНГ
  • Активен до 16.09.2017
  • Позиција: Економист/Сметководител/Ревизор
  • Локација: Скопје
  • Телефон: +38922555333

VFV FINANCE CONSULTING има потреба од 2 Сметководители (самостојни) со лиценца за Овластен Сметководител. Опис на работната позиција:

•    Комплетно водење на сметководственото работење и контрола на истото,
•    Контрола на книжење на финансиската и материјална документација,
•    Изготвување на завршна годишна сметка и годишна сметка,
•    Подготовка на финансиски извештаи, месечни, квартални и годишни деловни планови и поддршка на менаџментот согласно потребите,
•    Буџетирање и контрола.


Кандидатите покрај општите услови за вработување предвидени во Законот за работни односи потребно е да ги исполнуваат следните квалификации:

•    Високо образование од областа на финансиите, сметководство и економски науки,
•    Лиценца за овластен сметководител,
•    Одлично познавање на Англиски јазик
•    Познавање на соодветната Македонска законска регулатива и меѓународни сметководствени стандарди,
•    Искуство со ERP платформи (ќе се смета за предност),
•    Меѓународен сертификат за сметководство (ќе се смета за предност),
•    Способност за запазување на рокови и остварување на резултати.

Доколку ги исполнувате потребните квалификации за работната позиција, ве молиме да пратите CV до [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака "Работна позиција: СМЕТКОВОДИТЕЛ".

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »