Раководител на финансии и контролинг

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Во име на нашиот клиент Порше Лизинг, дел од Порше Финансиска Групација, ДЕКРА ја огласува позицијата:

  • Раководител на финансии и контролинг

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

  • Изработка на месечни извештаи за цели за групациско известување;
  • Изработка на годишна сметка, финансиски извештаи и даночен биланс;
  • Раководење со сметководствените процеси во компанијата;
  • Контрола и мониторинг на трошоци и евидентирање на трансакции на месечно ниво, анализа и партиципација во исполнување на планираните цели;
  • Комуникација со внатрешна и надворешна ревизија;
  • Комуникација со регулаторни тела, подготовка и поднесување на извештаи кон НБРСМ, УЈП и Министерство за финансии;
  • Контрола и координација на севкупното работење на одделот за финансии и контролинг, унапредување, дигитализација и автоматизација на процесите.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Завршено високо образование- Економски Факултет;
  • Работно искуство од минимум 3 години на иста или слична позиција
  • Уверение за овластен сметководител;
  • Одлично владеење на MS Office package;
  • Одлично познавање на англиски јазик.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Познавање на сметководствени стандарди;
  • Претходно работно искуство со САП системот ќе се смета за предност;
  • Одлични аналитички и организациски способности;
  • Одлични комуникациски и презентациски вештини;
  • Способност за приоритетно организирање задачи, работа под притисок и кратки рокови.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови,  своите професионални биографии можат да ги проследат на: rabota. [најави се за да го видиш е-маилот]

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 29/03/2022.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »