Референт за Маркетинг

Eрак Груп Дооел е компанија со долгогодишно и меѓународно искуство во областа на транспорт,логистика,туризам и угостителство.Поради проширување на тимот има потреба од следните работни позиции :

 

Референт за маркетинг

 

Потребни квалификации:

  • Завршен фактултет,  во областа на маркетингот ќе се смета за предност
  • Работно искуство во полето на маркетинг и туризмот
  • Неоходно познавање на англиски јазик, додека познавање на турски јазик ќе се смета за предност
  • Добро познавање на работа со компјутер (MS Office), програми за графички дизајн, photoshop
  • Способност за извршување мулти таскинг задачи
  • Способност за комуникација со различен тип на луѓе

Опис на работата

Референтот за маркетинг е одговорен за развивање на плановите за маркетинг и имплементирање на стратегиите на компанијата. Вработениот треба да ги извршува сите должности и одговорности, како што се спроведување на истражување на пазарот за пласирање на производите на агенцијата, следење на конкурентите и развој на маркетин стратегии, организирање реклами, рекламни кампањи и кампањи за односи со јавноста, следење на условите на пазарот, подготовка на промотивни публикации и продажба, развој на нови производи и воспоставување на добри односи со клиентите.

  • работа заедно со продажба во изготвување на презентации на нови производи и дестинации и нивна презентација на потенцијални клиенти,

Должности:

  • Анализа на пазарот, конкуренцијата, трендовите
  • Изготвување на плановите за маркетинг, вклучувајќи анализа на пазарот, маркетинг стратегии, планирање и буџетирање за цела компанија и за поединечните одделенија
  • Изготвување на рекламна кампања, планирање на активности за различни медиуми за сите одделенија на компанијата
  • Изработка на рекламен материјал, како брошури, лифлети, плакати, папки, нотеси и сл.
  • Да обезбеди поставување и одржување на корпоративниот идентитет во компанијата и во сите одделенија, да осигура имплементирање на сите маркетинг активности
  • Одговорен за PR-от на компанијата, организирање на настани, саеми и спонзорства
  • Одговорен за сите маркетинг програми на корпоративно ниво: програми за лојалност, incentive програми за поттикнување на корисниците и сл.
  • Развој, изработка и одржување на корпоративниот website, да извршува Online маркетинг активности за да биде информацијата допстапна до повеќе корисници
  • Развивање на маркетинг програми и активности со партнерите
  • Контрола на маркетинг активностите, и преземање на мерки за остварување на целите.

Клучни потребни квалитети:

Организираност, прецизност, тимска работа, ажурност, флексибилност, одговорност, лојалност, интерес за усовршување.

Возачка дозвола ќе се смета за предност.

 

Доколку сте заентересирани испратете го Вашето CV(работна биографија) на следниот меил:  [најави се за да го видиш е-маилот] ,со назнака за позицијата за која се аплицира : Референт за маркетинг,најдоцна до 06.12.2019

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »