Административен асистент

  • Објавен пред 4 месеци
  • BE-DA Logistik
  • Активен до 05.06.2019
  • Позиција: Административен работник
  • Локација: Скопје

БЕ-ДА Логистик Дооел е една од лидерските компании на Балканот, кога е во прашање транспортот на стоки. Основана е на почетокот на 2011 година како компанија специјализирана за организирање на меѓународен транспорт и логистика на стоки во патниот, железничкиот, воздушниот и морскиот сообраќај.

Бе-Да Логистик Дооел Скопје, компанија за организирање и посредување транспорт и шпедиција распишува оглас за работна позиција:

 

АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ


Потребни квалификации:

  • Работно познавање на компјутери и програми за канцелариско работење,
  • Одлично познавање на компјутерски алатки MS Office, Windows XP, Internet,
  • Работно искуство во финансии предност,
  • Познавање на англиски јазик-пожелно,

 

Личен профил:

  • Одлични организациски и комуникациски вештини
  • Одговорност, професионалност, точност и експедитивност 
  • Лојалност, иницијативност, флексибилност и енергичност
  • Способност за тимска и самостојна работа
  • Способност за работа под притисок
  • Претпазливост, и внимателност во работата;

 

Опис на работното место:

  • Административно, канцелариско и архивско работење
  • Извршува писмени дневни, неделни и месечни извештаи за својата работа
  • Се грижи за усовршување на знаења и вештини за подобро извршување на работните задачи

 

Доколку сте  енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување  во областа на административно-финансискиот дел на нашата компанија и сакате да бидете дел од нашиот тим испратете ја вашата професионална биографија на job@be-da.mk 

КЛИКНИ