Специјалист за персонална администрација

За компанијата: Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна... повеќе за компанијата »

Доколку сте посветена личност, со високи вредности, имате одлични комуникациски способности, сте тимски играч, проактивни, позитивни, иницијативни, ориентирани кон резултати со високо развиена способност за решавање проблеми и самомотивација, станете дел од нашиот тим и аплицирајте на работната позиција:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПЕРСОНАЛНА АДМИНИСТРАЦИЈА

Основни задачи и одговорности:

  • Изготвување Договори и Анекси за вработување
  • Пријава на вработените во АВРСМ
  • Водење на персонални досиеја на вработените
  • Го следи и води процесот околу систематските прегледи  на вработените, годишните одмори и зема учество во администрација на платата и бенефициите
  • Изготвување документи за прераспределба на вработените
  • Изготвување документи за ФЗОМ и Малмед (пријави/одјави, здравствено)
  • Изготвување на правилници, кодекси и процедури во работењето
  • Следење на промени во законската регулатива и програмите на релевантните институции
  • Соработка со инспекции од инспекторат на труд, безбедност и здравје, јавно здравје и другите релеватни институции
  • Поднесува потребна документација до релевантните институции
  • Изготвување на одлуки, решенија и известувања од областа на работни односи
  • Пријавување на работа на празник и годишни пријави за работно време
  • Водење на Безбедност и здравје при работа, пријави на несреќа при работа

Посакувани карактеристики:

  • ВСС, Прaвник
  • Работно искуство во областа на Човечки ресурси
  • Искуство во работа поврзана со законската регулатива во областа на БЗПР претставува предност
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на Windows и MS Office пакетот
  • Возачка дозвола Б категорија

Очекувани вештини и способности:

  • Развиени организациски, лидерски и комуникациски способности
  • Самоиницијативност и лојалност во извршувањето на работните задачи
  • Ориентираност кон остварување резултати и наоѓање решенија
  • Професионален и позитивен однос
  • Флексибилност за работа во динамична атмосфера
  • Способност за тимска работа

Што нудиме:

  • Стимулативна плата и бенефиции
  • Иновативна работна средина и мотивирачка организациска култура
  • Континуиран професионален развој преку учество на симпозиуми, конференции и континуирани обуки
  • Настани и активности за добросостојба на вработените (Employees wellbeing)
  • Работно време: Понеделник - Петок; (флексибилно работно време)

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »