Хигиеничар/ка

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Во име на нашиот клиент Ванила Фуд -оператор во областа на подготовка и сервирање на храна,  ДEКРА  ја огласува следната работна позиција:

        ХИГИЕНИЧАР/КА
Потенцијалниот кандидат треба да биде посветена, педантна и темелна во извршување на работните обврски. Одговорна и организирана личност, способна за тимска работа, која ќе ги почитува и поддржува политиките во однос на безбедност и хигиена. Пожелно е кандидатот да има претходно искуство на слично работно место.

РАБОТНИ ЗАДОЛЖЕНИЈА :

  • Дневно одржување, чистење, спремање и дезинфекција - угостителски салон;
  • Дневно одржување чистење, спремање и одржување на стан;
  • Еднаш неделно чистење и дезинфекција - канцеларија.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Кандидатот да е државјанин на Република Македонија;
  • Кандидатот да е полнолетен;
  • Кандидатот да има општа здравствена способност за работното место;
  • Активно да го користи македонскиот јазик;
  • Завршено средно образование или основно;
  • Искуство како хигиеничар се смета за предност.

РАБОТНИ УСЛОВИ:

  • Полно работно време;
  • Работа во прва смена;
  • Почетен договор на определено работно време со можност за стекнување на постојан работен однос.

РАСПОРЕД НА РАБОТНО ВРЕМЕ :

  • еднократно работно време;
  • понеделник од 06:00 до 08:30 – салон, од 09:00 до 14:00 – стан;
  • вторник од 06:00 до 08:30 – салон, од 09:00 до 14:00 – стан;
  • среда од 06:00 до 08:30 – салон;
  • четврток од 06:00 до 08:30 – салон, од 09:00 до 12:00 -стан;
  • петок од 06:00 до 08:30 – салон, од 09:00 до 14:00 – стан;
  • сабота од 06:00 до 08:30 – салон, од 09:00 до 12:00 часот -канцеларија;
  • недела слободна.

ФИНАНСИСКА КОНСТРУКЦИЈА :

  • паричен нето износ на плата : 20.000, денари;
  • платени придонеси;
  • задолжителен К15;
  • обезбеден превоз од објект до објект;
  • обезбеден оброк.

Заинтересираните кандидати треба да ги поднесат електронски на  [најави се за да го видиш е-маилот]  следниве документи:

  • кратка биографија;
  • сведителство за завршено средно или основно образование;
  • препорака.

Краен рок за поднесување на документите е 30.11.2021 год.

Избраните кандидати ќе бидат известени и поканети на интервју.

Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на клиентот.

Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »