Алфатек Сервис и Услуги лого

Асистент за продажба и логистика

(преземи го огласот во Word)

Фирмата АЛФАТЕК Дооел повеќе од 10 години е лојален партнер за испорака, инсталација, одржување и унапредување на техничките решенија во индустријата. Како резултат на комбинацијата на искуство, знаење и решенијата кои ги нудиме, во нашето портфолио има голем број на успешно завршени проекти и задоволни клиенти.

Нашата компанија денес нуди услуги во три области

  • Инженерско-трговски услуги
  • Советодавни услуги
  • Индустриско-машинско одржување

Поради зголемување на обемот на работа имаме потреба од вработување на

Асистент за продажба и логистика

Работните обврски вклучуваат:

  • Регистрација на барања за понуди од клиенти
  • Спроведување и распределување на барањата
  • Припрема на понуди до клиенти
  • Органзирање на превоз за пратки од различни дестинации
  • Спроведување на увозна процедура
  • Комуникација со добавувачи, превозници и шпедитери
  • Организирање на испорака на робата до клиентите

Потреби квалификации:

  • Завршено високо образование (пожелно економски или машински факултет)
  • Познавање на работка со компјутер (MS office, outlook)
  • Познавање на англиски јазик
  • Организираност, одговорност и прецизност во водењето на документација
  • Работно искуство е пожелно, но не е задолжително. Кандидатите без искуство но со желба да учат и да се надоградуваат ги охрабруваме да се пријават за интервју.

Ви нудиме пријатна работна атмосфера со можност за учење и напредување.

Плата по договор согласно квалификациите на кандидатот.

Работно време 8:00 – 16:00 од понеделник до петок.

Сите заинтересирани да испратат кратка биографија на [најави се за да го видиш е-маилот]

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »