За компанијата: Специјализирани за искуство со клиенти, продажба и маркетинг преку гласовни и дигитални канали.
повеќе за компанијата »Зборуваш англиски јазик и сакаш да работиш од нашата канцеларија во Охрид? Тогаш можеби ова е совршената работна позиција за тебе! Станува збор за проект во областа на излезни повици кон постоечките клиенти за еден од нашите странски клиенти чија примарна дејност е поврзана со прехрана и комплетна достава на намирници кои се нарачани од страна на потрошувачите со цел олеснување на нивните секојдневни кулинарски активности. За овој проект е предвидена интересна и динамична обука, а развојот на комуникациските вештини е загарантиран!
Што ти нудиме?
-
Конкурентна плата од 36.900 денари
-
Работа од понеделник до петок со слободни викенди
-
Попладневна смена од 17:00 до 01:00 часот
-
Платена обука
-
Можност за професионален напредок и развој
-
Секојдневна примена на англискиот јазик и можност за негово усовршување
-
Пријатна работна атмосфера и тимски дух
-
Бонуси врз основа на постигнатите перформанси
-
Бонуси за препораки за вработување
Придружи ни се како Специјалист за корисничка поддршка на англиски јазик за работа од нашата канцеларија во Охрид!
- Работата започнува со обука со која ќе се запознаеш со системот за работа и процесите потребни за нејзино успешно извршување
- Секојдневно ќе комуницираш на германски јазик со корисниците на услугите кои ги нуди компанијата обидувајќи се да го подобриш нивното корисничко искуство
- Ќе имаш целосна поддршка од својот тим лидер како и од останатите членови на тимот
Како знаеш дека ти си вистинската личност за нашиот тим?
- Одлично зборуваш и пишуваш на англиски јазик
- Живееш во Охрид и можеш да работиш од нашата канцеларија во Охрид (за оваа работна позиција предвидена е работа од нашата канцеларија во Охрид која се наоѓа во центарот на градот)
- Заинтересиран си за работа исклучиво втора смена
- Можеш веднаш да започнеш со работа
- Комуникативен/на си и сакаш да им помагаш на луѓето
- Тимски играч си и уживаш во динамично окружување
- Имаш желба за запознавање на различни култури
- Имаш основни познавања од работа на компјутер
Доколку си заинтересиран/а и сакаш да дознаеш нешто повеќе, аплицирај веднаш на следниов линк: https://cityconnectnorthmacedoniatranscom.recruitee.com/o/skopje-161
Работната позиција е со стартен датум 16.10.2023. Интервјуата се во тек и процесот на селекција трае до 12.10.2023. Само апликациите добиени преку линкот за апликација ќе бидат земени во предвид.
Слични огласи »