За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти...
повеќе за компанијата »Во име на наш клиент, реномирана странска фармацевтска компанија со седиште во Скопје, ДЕКРА ја огласува позицијата:
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:
- Управување со дневните канцелариски функции / активности;
- Спроведување на канцелариските политики и процедури;
- Вршење нарачки на канцелариски и потрошен материјал;
- Одговарање и проследување на влезна комуникација;
- Одржување комуникација и деловни односи со соработници и добавувачи;
- Прием на гости и деловни соработници и нивно спроведување до соодветен вработен / оддел / канцеларија;
- Организирање и планирање на деловни настани во и надвор од канцеларија;
- Активна комуникација и соработка со останати оддели во Друштвото.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Завршено високо образование;
- Одлична работа со компјутери;
- Одлично познавање и работа со MS Office пакет;
- Одлично познавање и користење на англиски јазик (усно и писмено);
- Познавање на канцелариско и архивско работење ќе се смета за предност.
- Возачка дозвола.
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ
- Одговорност и уредност во извршување на секојдневните обврски;
- Аналитичност, организираност и самоиницијативност;
- Способност за тимска работа;
- Способност за истовремена работа на повеќе задачи;
- Способност за работа под притисок и работа со кратки рокови;
- Професионалност и дискретност.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ:
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на: [најави се за да го видиш е-маилот]
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »