За компанијата: Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот како слика)
Доколку сте посветена личност, со високи вредности, имате одлични комуникациски способности, сте тимски играч, проактивни, позитивни, иницијативни, ориентирани кон резултати со високо развиена способност за решавање проблеми и самомотивација, станете дел од нашиот тим и аплицирајте на работната позиција:
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПЕРСОНАЛНА АДМИНИСТРАЦИЈА
Основни задачи и одговорности:
- Изготвување Договори и Анекси за вработување
- Пријава на вработените во АВРСМ
- Водење на персонални досиеја на вработените
- Го следи и води процесот околу систематските прегледи на вработените, годишните одмори и зема учество во администрација на платата и бенефициите
- Изготвување документи за прераспределба на вработените
- Изготвување документи за ФЗОМ и Малмед (пријави/одјави, здравствено)
- Изготвување на правилници, кодекси и процедури во работењето
- Следење на промени во законската регулатива и програмите на релевантните институции
- Соработка со инспекции од инспекторат на труд, безбедност и здравје, јавно здравје и другите релеватни институции
- Поднесува потребна документација до релевантните институции
- Изготвување на одлуки, решенија и известувања од областа на работни односи
- Пријавување на работа на празник и годишни пријави за работно време
- Водење на Безбедност и здравје при работа, пријави на несреќа при работа
Посакувани карактеристики:
- ВСС, Прaвник
- Работно искуство во областа на Човечки ресурси
- Искуство во работа поврзана со законската регулатива во областа на БЗПР претставува предност
- Одлично познавање на англиски јазик
- Одлично познавање на Windows и MS Office пакетот
- Возачка дозвола Б категорија
Очекувани вештини и способности:
- Развиени организациски, лидерски и комуникациски способности
- Самоиницијативност и лојалност во извршувањето на работните задачи
- Ориентираност кон остварување резултати и наоѓање решенија
- Професионален и позитивен однос
- Флексибилност за работа во динамична атмосфера
- Способност за тимска работа
Што нудиме:
- Стимулативна плата и бенефиции
- Иновативна работна средина и мотивирачка организациска култура
- Континуиран професионален развој преку учество на симпозиуми, конференции и континуирани обуки
- Настани и активности за добросостојба на вработените (Employees wellbeing)
- Работно време: Понеделник - Петок; (флексибилно работно време)
Поврзани огласи »