Финансов директор

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Eуроимпекс ДОО е првата приватна компанија од автомобилска индустрија, основана 1990 година на Македонскиот пазар. За овие 30 години успешно стопанисување, остваривме одличен развој благодарејќи на компаниската стратегија и на нашиот тим. Денес, сме компанија со 80 вработени лица, застапуваме 10 бренда, од кој за брендот Peugeot сме Генерални застапници на 5 пазари: С.Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија.  Од неодамна и бендот Opel го застапуваме на регионалниот пазар покривајќи ги териториите на С.Македонија Србија, Црна Гора, Косово и Албанија при што во моментот вработуваме:

  • ФИНАНСОВ ДИРЕКТОР

ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО

  • Финасово работење на компанијата, давање на веродостојни финансиски извештаи кон државни органи како и на надредените во компанијата (Генерален директор, Извршен директор и негов зменик и на сопствениците на компанијата);
  • Контрола на работа на подредените работни места т.е. Шеф на сметководство и Шеф на финансова оператива;
  • Следење на монетарните движења во Република С.Македонија (каматни стапки, девизни курсеви, провизии на деловните банки);
  • Соработка и давање на совети од областа на финансии на сите директори на сектори во компанијата;
  • Континуирано сопствено надградување преку посета на семинари како и контрола на обука на сметководствени кадри;
  • Следење на сите законски прописи кои се во врска со финансиите;
  • Изготвување извештаи кон Принципалите како и извештаи за годишните и петгодишните маркетинг и бизнис планови;
  • Следење на плаќањата кон странство и компентното финансово работење на компанијата.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • ВСС, Економски факултет, смер сметководство, финансии и ревизија;
  • Работно искуство од минимум 5 години на позиција Финансов директор или 5 годишно искуство во ревизија на позиција;
  • Одлично познавање на англиски јазик.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Напредно познавање на MS Office, способност за учење/адаптација за користење на софтвери на принципалот;
  • Комуникациски, преговарачки, презентерски вештини;
  • Аналитичност, прецизност, работа со детали и во динамично окружување;
  • Превземање на одговорност, иницијативност, посветеност, индивидуален и тимски играч.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и да ги остварите своите амбиции и визијата за својот личен успех,Вашето CV доставете го на  [најави се за да го видиш е-маилот]

Крајниот рок за аплицирање е : 31/12/2020

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.

Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »