Специјалист за Човечки ресурси

За компанијата: „Синцеритас“ АД Скопје е фармацевтска компанија чиј фокус на работење е култивирањето и производството на канабис за медицинска намена. Работните практики и политики во нашата компанија се усогласени со... повеќе за компанијата »

Специјалист за Човечки ресурси

Задолжително е пријавените кандидати да ги исполнуваат следниве услови:

  • Високо образование;
  • Најмалку 2 година работно искуство во областа на човечки ресурси;
  • Одлично познавање на англиски јазик (пишување и зборување);
  • Напредно познавање на MS Office пакетот (Excel, Word, Power Point);
  • Како предност ќе се смета познавање на работа во програмот Microsoft Dynamics NAV

Одговорности и работни задачи:

  • Средување на документацијата и досиеата на вработените и нивно архивирање;
  • Водење на персонални досиеа на вработени во специјализиран софтвер за човечки ресурси;
  • Изработка на решенија за годишни одмори на вработени во компанијата;
  • Внесување на огласи и креирање на описи на работно место;
  • Претходна проверка на апликациите според релевантните критериуми и изготвување на листи на кандидати за разгледување и одобрување
  • Пријавување и одјавување на вработени;
  • Внесување на боледувања, годишни одмори и други отсуства во систем;
  • Подготовка на договори и анекси;
  • Водење на евиденции за систематски и санитарни прегледи на вработените;
  • Внесување во картон на вработени и средување на документи поврзани со обуки на вработените и на надворешни соработници

Од кандидатите за бараната позиција се очекува да ги поседуваат следните вештини, способности и лични особини:

  • Солидни оргaнизациски и комуникациски вештини
  • поседување високо ниво на доверливост;
  • Способност за работа со кратки временски рокови и брзо учење.

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »