Плата од 30.000 ден. до 35.000 ден.
ВРАБОТУВАЊЕ ВО CRISP - Kumanovo
Услови за вработување
Вработувањето се врши согласно законите на Република Северна Македонија, со сите законски права и обврски на работникот.
✔ Почетна нето плата: 30.000 денари за првиот пробен месец.
✔ По успешното завршување на пробниот период, платата ќе биде предмет на проценка според покажаните резултати, дисциплина, одговорност и перформанси покачена до 35.000 денари.
✔ Работно време: 40 часа неделно, организирано во смени според распоредот на менаџерот на ресторанот.
✔ 30 минути платена пауза за време на работниот ден.
✔ Еден бесплатен оброк дневно обезбеден од ресторанот.
✔ 30% попуст за еден дополнителен оброк дневно во сите ресторани на Crisp.
✔ Прекувремената работа, работата за празници се плаќат согласно закон.
✔ Еден слободен ден неделно.
✔ По пробниот месец се склучува договор на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување на 1 година или неопределено време.
Работни позиции и одговорности
FOH (Front of House)
Одговорности:
- Работа на каса и прием на нарачки.
- Љубезна и професионална комуникација со гостите.
- Послужување и издавање нарачки.
- Одржување на чистота во простор.
- Следење на стандардите за услуга на Crisp.
- Подготовка на помфрит, пијалаци и останати прилози.
- Тимска работа и помош кога е потребно.
MOH (Middle of House)
Одговорности:
- Подготовка и пакување на нарачките.
- Контрола на точноста на секоја нарачка.
- Комуникација со FOH и BOH за навремена подготовка.
- Одржување на чистота и организација на работната станица.
- Почитување на сите оперативни процедури.
BOH (Back of House)
Одговорности:
- Подготовка на сите производи според стандардите на Crisp.
- Работа со фритези, грилови и останата кујнска опрема.
- Почитување на рецептурите, нормите и временските стандарди.
- Одржување на високо ниво на хигиена и безбедност на храната.
- Следење на FIFO системот и правилно складирање на производите.
- Одржување на чиста и организирана кујна.
- Тимска работа и поддршка на останатите членови на тимот.
Што очекуваме од секој вработен?
- Одговорност и дисциплина.
- Точност и редовност.
- Почитување на процедурите и стандардите.
- Позитивен однос кон колегите и гостите.
- Подготвеност за учење и развој.
- Грижа за квалитетот на храната и услугата.
Во Crisp веруваме дека успехот на компанијата го градат луѓето. Затоа бараме личности кои сакаат да растат заедно со брендот и да придонесат кон создавање на најдобро искуство за нашите гости.