
За компанијата: Неуромедика е првиот приватен медицински бренд во Македонија кој веќе 33 години работи на полето на современа и напредна здравствена заштита. 33 години искуство поминати низ константен раст и развој, и...
повеќе за компанијата »НЕУРОМЕДИКА, реномирана болница во Р. Македонија која успешно работи веќе 34 години, објавува оглас за следната позиција:
Лиценциран - Овластен Сметководител
Работни задачи:
- Водење на комплетна сметководствена евиденција согласно законските прописи и МСФИ;
- Подготовка и поднесување на финансиски извештаи, даночни пријави и биланси;
- Контрола и обработка на книговодствени документи, фактури и аналитики;
- Следење на промените во даночната и финансиската регулатива;
- Комуникација со институции, ревизори и менаџмент;
- Поддршка во процесите на финансиско планирање и анализа.
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование од областа на економија, финансии или сметководство;
- Сертификат за овластен сметководител (ИСОС или еквивалентен);
- Минимум 3 години релевантно искуство
- Одлично познавање на МСФИ, Законот за сметководство и даночната регулатива;
- Познавање на сметководствени софтвери и MS Office;
- Висок степен на одговорност, прецизност и аналитичност.
Нудиме:
- Редовни и сигурни примања
- Регрес за годишен одмор (К-15)
- Можност за остварување редовни бонуси
- Посета на саеми, обуки, тренинзи и кариерен напредок
- Ве молиме испратете професионална биографија со задолжителна назнака за која работна позиција аплицирате преку полето ПРИЈАВИ СЕ , како и на телефонскиот број 02 512 2809 .
Слични огласи »