За компанијата: Почетоците на ДОО Цермат од Битола датираат од 1995 година кога е основана како фирма во приватна сопственост за производство на сладолед. Како современа европска компанија ги следи светските трендови со постојано усовршување во уметноста наречена сладолед.
повеќе за компанијата »ЦЕРМАТ ДОО Битола има потреба од ангажирање на млади и високо мотивирани кандидати за едно работно место: Административен асистент во производство, во Битола - водење на детална и комплетна документација за меѓународни стандарди: HACCAP, IFS, BRC, во процесот на производство на прехранбени производи.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
Високо образование
Работно искуство, обука или пракса во оваа област (оддел за храна, познавања на меѓународните стандарди итн.) ќе се смета за предност;
Одлично познавање на Англиски јазик (вербална и писмена комуникација);
Одлични компјутерски вештини – MS Office – пакетот, Internet, Windows;
Одлични комуникациски вештини, аналитичка способност, способност за тимска работа, организациска способност, самоиницијативност и целосна посветеност на работните задачи.
Заинтересираните кандидати да достават CV (со слика) на Македонски јазик. Документите да ги достават по електронски пат на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака: Апликација за административен работник во производство, најдоцна до 30.06.2024 година.
Слични огласи »