Офицер/ Специјалист за усогласеност

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Во име на нашиот клиент East Gate Mall, најголемиот трговски центар во Македонија со над 220 брендови, ДЕКРА ја огласува позицијата: 

  • Офицер/ Специјалист за усогласеност 

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО 

  • Развива, имплементира и менаџира ефeктивнa legal compliance програма за Компанијата; 
  • Ги развива и редовно ги ревидира  политиките и процедурите на Компанијата во согласност со важечката легислатива;  
  • Врши советодавна функација за менаџментот во однос на усогласеноста на Компанијата со важечките законите и прописи;  
  • Креира и управува со ефективни акциони планови за дејствување врз основа на спроведените ревизии и откриените неусогласености со законските прописи и интерните акти на Работодавачот;  
  • Редовно ги ревидира процедурите, практиките и документацијата со цел за идентификување на потенцијални слабости и ризици за Компанијата;  
  • Врши надзор над деловните процеси на Комапанијата за да  утврди потенцијални надворешни ризици во однос на внатрешните политики и интереси на Друштвото;  
  • Се осигурува дека сите вработени се информирани за важечката легислатива и ги информира и запознава со секоја измена што директно се однесува на вработените;  
  • Врши правно советување и информирање на вработените во врска со правната усогласеност на дневна основа. 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ 

  • ВСС
  • Претходно работно искуство од минимум 5 години на иста или слична работна позиција
  • Претходно работно искуство во ревизорско друштво и воспоставување на деловни процедури за работа ќе се смета за предност
  • Одлично познавање на англиски јазик (C1/C2 ниво) 

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ 

  • Добри комуникациски и организациски способности 
  • Одлично познавање на MS Office  
  • Аналитичност и проактивност 

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ 

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови своите професионални  биографии можат да ги испратат на:  [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака за позицијата за која аплицираат. 

Крајниот рок за аплицирање е 26/04/2022. 

Ќе бидат контактирани само оние кандидати кои ќе влезат во потесен избор. 

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост. 

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта:  [најави се за да го видиш е-маилот]  

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »