Комерцијалист / Соработник за регулатива и вигиланца / Соработник за обезбедување квалитет

  • Објавен на 12.2020
  • Фарма Трејд ДООЕЛ
  • Активен до 25.12.2020
  • Позиција: Комерцијалист/Агент
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 023298782

Exellence and quality for every customer

Фарма Трејд е компанија која во годината на својот 20 годишен јубилеј, го потврдува статусот на еден од водечките субјекти во фармацевтскиот сектор во Македонија за продажба и дистрибуција на лекови, медицински средства, медицинска и аналитичка опрема, додатоци во исхрана и козметика.

Изминатите 20 години беа исполнети со многу предизвици, успеси и задоволни клиенти. Нашите резултати се должат и на тимот од стручни и посветени професионалци на кои сме горди и чиј придонес особено го вреднуваме.

 

  1. Комерцијалист/административен соработник - 1

Квалификации:

•     Високо образование, при што предност ќе имаат кандидатите со знаење од областа на медицината 

      (фармацевти, рентген технолози, стоматолози и др.), со или без работно искуство.

или

•     Средно образование, пожелно од медицинските области, со искуство во продажба и администрација.

•     Задоволително познавање на англискиот јазик, користење на интернет и компјутерски вештини.

Соработник за регулатива и вигиланца - 1

Квалификации:

•     Високо образование од областа на медицината (фармација, стоматологија, општа медицина), со или

      без работно искуство.

•     Високо ниво на познавање на англискиот јазик, користење на интернет и компјутерски вештини.

Соработник за обезбедување квалитет  - 1

Квалификации:

•     Високо образование од областа на медицината  или природните науки. Предност ќе имаат   

      фармацевтите со претходно искуство во креирање и одржување систем за квалитет.

•     Високо ниво на познавање на англискиот јазик, користење на интернет и компјутерски вештини.

 

Бараме професионалци кои се:

•     Одговорни, самоиницијативни и со изразен тимски дух.

 

Опис на работните обврски и услови за работа:

Административни активности од областа на комерција, регулатива и обезбедување квалитет.

Нудиме одлични услови за работа. Континуирана надградба на знаењето во непосредна и креативна атмосфера со слобода и доверба во извршување на доделените задачи.

Работно време:

08:00 – 16:00 часот, од понеделник до петок

 

Дополнителни информации:

Ве покануваме да ни испратите Ваша кратка биографија со фотографија и мотивационо писмо на [најави се за да го видиш е-маилот] .

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

Пријавите ќе се третираат со целосна доверливост.

Ќе ни биде задоволство да Ве запознаеме.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »