Припремач на површини за тапацирање

За компанијата: ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851 повеќе за компанијата »

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:

Van Hool е реномиран белгиски производител на автобуси и комерцијални возила, со годишен капацитет на произвoдство од околу 1,400 автобуси и 3,000 комерцијални возила. Van Hool од Белгија е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 60 години Van Hool Белгија има репутација за дизајн и производство на високо квалитетни и современи производи.

Продолжуваме со процесот на селекција на вработени за потребите на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона–Скопје 2, во Бунарџик/Илинден.

РАБОТНА ПОЗИЦИЈА:

ПРИПРЕМАЧ НА ПОВРШИНИ ЗА ТАПАЦИРАЊЕ

(КИТИРАЊЕ, СТРУГАЊЕ, ПОРАМНУВАЊЕ)

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Проверка на материјалите пред отпочнување со китирање (состојба на површината, остранување на сите нечистотии и обезбедување на добра адхезија на китот)
  • Китирање, стругање и фино порамнување
  • Израмнување на површините на возилото, лепење изолација
  • Нанесување лепак и тапацирање

ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ, ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ:

  • Минимум средно образование од техничките струки;
  • Способност за читање на техничка документација;
  • Способност за прецизна работа со детали;
  • Способност за работа под притисок и кратки рокови;
  • Познавање на Англиски јазик.

Што нудиме:

  • Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РМ;
  • Можност за професионално усовршување и обука кај еден од најреномираните производители на автобуси;
  • Работа во безбедна и здрава околина со почитување на сите норми за безбедност и здравје при работа;
  • Обезбеден автобуски превоз до работното место и назад;
  • Обезбедена исхрана во современа кантина;

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vanhool.mk, во делот “отворени работни места”.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

Краен рок за доставување на апликациите: 02/10/2021

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »