Административен асистент

За компанијата: Компанијата ЕСИ (Employment Services International) е присутна на пазарот од мај 2007, како агенција за услуги кои се однесуваат на човечките ресурси. Наша цел е да понудиме комплетни решенија за раководење... повеќе за компанијата »

Агенција за вработување и посредување ЕСИ  за свои потребите на свој клиент, кој се занимава со интернационално консултантство во областа на енергетиката, објавува оглас за позиција:

Администратор – Асистент (реон Скопје-Центар)

ЗАДАЧИ:

  • Администрирање на електронска пошта и документација, водење на архива и деловодници, изготвување на налози за плаќање и носење во банка
  • Изготвување понуди, фактури, следење на проекти, поддршка при припрема на проекти
  • Ажурирање на бази на податоци поврзани со работењето, посета на институции и други задачи, дадени од претпоставените

БАРАМЕ:

  • ВСС  
  • Претходно работно искуство (од 2 години), на иста или слична позиција ќе се смета за предност, но не е пресудно
  • Желба за професионален развој, истрајност и прецизност во работењето
  • Навременост и флексибилност
  • Ведра и комуникативна личност
  • Доверливост и обврска за чување на деловни тајни
  • Активно познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на office (Word,Excel, Outlook) пакетот
  • Возачка дозвола – Б категорија

НУДИМЕ:

  • Работно време 08.00-16.00ч, 40 работни часа неделно
  • Времетраење на вработувањето е определено, со можност за добивање на решение за неопределено
  • Обезбедена обука од менаџерскиот тим
  • Износот на нето платата е по договор, со можност за постепено зголемување според професионалните квалитети на кандидатот

Ги поттикнуваме кандидатите кои ги исполнуваат наведените критериуми, своите биографии со фотографија да ги испратат на маил [најави се за да го видиш е-маилот] и да ја наведет позицијата за која аплицираат.

Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани. Доколку не бидете одбрани за оваа позиција, Вашите биографии ги чуваме во нашата дата база со можност за повикување на идни соодветни огласи.

Доколку не сакате Вашата биографија да биде сочувана, наведете ја таквата информација во Вашата електронска порака.

 

ЕСИ (Employment Services International)

ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје

T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
[најави се за да го видиш е-маилот] , www.esi.mk

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »