Медицински стручен соработник

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Наш клиент Bio Save -  Македонија е дел од Bio Save Групата, лидер во својата област присутен во 7 земји од регионот со 11 канцеларии, застапник на банката за матични клетки FamiCord и пренаталниот тест Harmony. За потребите од проширување на нивниот тим, ДЕКРА ја огласува следната позиција:

МЕДИЦИНСКИ СТРУЧЕН СОРАБОТНИК
(2 позиции) 

ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО

  • Понуда, промоција и презентација на медицинските услуги и производи на компанијата
  • Секојдневни посети, развој и одржување на односите со доктори, гинеколози и останати здравствени работници и соработници од областа на работење.
  • Имплементација на маркетинг планови и реализација на зададени цели на продажба согласно стратегијата на компанијата.
  • Редовно известување за текот на активностите и водење на соодветна евиденција за спроведените активности.
  • Учество и организирање на стручни собири.
  • Следење и анализа на конкуренцијата и на пазарот
  • Идентификување на нови деловни можности и иницирање на нови контакти

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Завршено ВСС – доктор по медицина/ стоматологија/ дипломиран фармацевт или некоја од сродните медицински гранки
  • Искуство на иста позиција не е задолжително, но ќе се смета како предност
  • Одлично познавање на работа со MS Office Suite и Internet
  • Одлично познавање на македонскиот и англискиот јазик (усно и писмено)
  • Задолжително поседување на возачка дозвола Б категорија (активен возач)

ЛИЧНИ КАРАКТЕРИСТИКИ И ВЕШТИНИ:

  • Професионален однос и ориентираност кон продажба на клиенти
  • Тимски дух, комуникативен, организиран и систематичен во работењето
  • Одлични комуникациски и презентациски способности
  • Организираност и одговорност кон доверените работни задачи
  • Динамичност, иницијативност, флексибилност и ориентираност кон пронаѓање на решенија

КЛИЕНТОТ НУДИ:

  • Службено возило за обавување на работните активности, кое во договор со компанијата може да биде доверено и 24/7 за обавување на приватни потреби
  • Телефон и лаптоп
  • Тренинзи и едукација организирани на локално ниво и на регионално ниво на Био Сејв Група
  • Mожност за долгорочна и стабилна работа во комплетно опремена работна средина, пријатна и работна атмосфера каде вработените имаат чувство на припадност
  • Mожност за професионален и личен развој во напредна позиција во одделот за маркетинг и продажба.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Работно време е од 8:30/9:30 до 16:30/17:30 од Понеделник до Петок со планирано дежурство еднаш во месецот за потребите за обавување на транспорт на биолошки материјал од породилиштата во државата.

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови своите професионални  биографии можат да ги испратат на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака “Медицински стручен соработник”.

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 01/09/2021.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.

Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »