
За компанијата: Во нашата листа на продукти може да најдете INOX материјали од 0,40 до 20,00 mm со различни димензии и површини.
Исто така, во нашата листа на продукти (stock) имаме различни квалитети како AISI 304,309,310,316,430,201...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот како слика)

За компанијата:
Никел Инокс Груп е претставништво на компанијата Никел Пасланмаз од Турција чија основна дејност е увоз и трговија на нерѓосувачки челици-прохром.
Профил на кандидатот:
- Образование – ВСС
- Добро познавање на Microsoft Office (Excel, Word, Power Point)
- Добро познавање на англиски ( предност ќе се смета познавање на турски јазик)
- Одлични комуникациски и организациски вештини
- Прецизност, аналитичност и ориентираност кон резултати
- Висок личен интегритет и деловна култура
Клучни одговорности:
- Остварување на деловна кореспонденција со странки и деловни соработници
- Изготвување на финансиски извештаи
- Ажурно извршување и управување со разни административни активности
- Познавање на финансиски системи, издавање, внесување и плаќање на фактури, водење евиденција за сите трошоци на компанијата
- Блиска соработка со сметководство
Почетна плата 24,000 денари.
Ви нудиме одлични услови за работа, можности за едукација и кариерен развој.
Кандидатите чии апликации ги задоволуваат бараните квалификации ќе влезат во потесен круг и ќе бидат контактирани, по што ќе бидат повикани на интервју.
Сите заинтересирани кои ги исполнуваат наведените услови можат да аплицираат на емаил адресата [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »