Стручен соработник

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Наш клиент е Натусана Македонија, компанија која работи во доменот на трговија на големо со лекови, помошни лековити средства, додатоци на исхрана и медицински помагала. Во име на својот клиент, Декра ја огласува следнава позиција: СТРУЧЕН СОРАБОТНИК

Опис на работнoто место:

  • Комуникација и посета на стручни лица - лекари од општа пракса и специјалисти;
  • Креирање на комуникациски стратегии со истоветните профили на лекари кои би придонеле во зголемена доверба од препораката на тие производи и нивен зголемен излез во малопродажбата;
  • Остварување на резултати од зададени продажни планови и активности.

Потребни квалификации:

  • Завршено Високо Образование - медицински, стоматолошки или фармацевтски факултет;
  • Пожелно е минимум едногодишно искуство на истата позиција;
  • Пожелно е претходно работно искуство во претставништво на фармацевтска фирма;
  • Валидна возачка дозвола Б категорија;
  • Одлично познавање на MS office пакетот;
  • Одлично познавање на Англиски или Германски јазик.

Професионални знаења и способности:

  • Динамична личност со изразени комуникациски и презентациски вештини;
  • Висока мотивираност, професионалност и дисциплина;
  • Афинитет кон негување и лекување со традиционални лековити средства;
  • Способност бенефитите од лековите да умее да ги презентира и промовира на лесен и разбирлив начин;
  • Проактивност, организираност и ориентираност кон остварување на резултати.

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги проследат на:  [најави се за да го видиш е-маилот] .

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 20/09/2018.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »