Координатор на процес на обработка на материјали

За компанијата: Новомак, од скромните почетоци во 2006 година, со напорна работа и истрајност, постојано го зголемува обемот на своите деловни активности, паралелно со зголемување на деловните капацитети, како и бројот... повеќе за компанијата »

Новомак, еден од најголемите дистибутери во Македонија на репроматеријали за изработка на мебел, има потреба од вработување на кандидат за следната работна позиција:

КООРДИНАТОР НА ПРОЦЕС НА ОБРАБОТКА НА МАТЕРИЈАЛИ

Одговорности и задачи:

  • Координација на процесот на обработка на материјали од изработка на кројни шеми до испорака на обработени материјали
  • Контрола и организација на активностите на вработените во секторите за изработка на кројни шеми, погонот за обработка на материјали и логистиката
  • Следење на планот за работа на погонот

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование (технички факултет)
  • Работно искуство најмалку 3 години како раководител на процес со раководење на најмалку 20 вработени
  • Солидно познавање на работа со компјутер (MS Windows i MS Office)
  • Солидно познавање на англиски јазик
  • Аналитички способности

Профил на личност:

  • Организираност и одговорност
  • Ефикасност и ефективност
  • Самоиницијативност и енергичност
  • Способност за тимска работа
  • Способност за работа под притисок и на кратки рокови.

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со законот на РМ. Вработувањето е на неопределено време.

Своето CV (со слика) доставете го на e-mail:  [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака "Координатор".

Непотполни документи нема да бидат разгледувани!

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »