За компанијата: БРАКО ДОО се занимава со развој и производство на производи целосно изработени од метал или комбинација на метал и други материјали.
повеќе за компанијата »(преземи го огласот во Word)
ДПТУ Брако ДОО од Велес има потреба од:
КОНТРОЛОР ЗА ВЛЕЗНА КОНТРОЛА
Работни задачи:
- Влезна контрола на квалитет на суровини и материјали;
- Подготовка на соодветна документација за евидентирање на спроведената контрола;
- Активно учество во процесот на справување со рекламации до клиенти за проблеми утврдени при влезна контрола;
- Имплементација на барањата на системот за управување со квалитет поврзани со работната позиција, барањата на клиентите и пренесување на потребните информации до сите вклучени во процесот.
Потребно Образование, Вештини и Способности:
- ССС – предност имаат од техничките струки;
- Основно познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на работа со MS Office;
- Подготвеност за работа во динамична средина;
- Ефективност, ефикасност и одговорност при исполнувањето на обврските;
- Посветеност, мотивираност, иницијативност;
- Тимска работа и кооперативност.
Што нуди работното место:
Можност за стекнување знаење и искуство, од искусни обучувачи, долгогодишни членови на тимот на БРАКО, добар социјален пакет, продолжување по стапките на нашите партнери во задоволување на барањата на купувачите насекаде во светот.
Сите заинтересирани да испратат CV на следната електронска адреса [најави се за да го видиш е-маилот]
Ќе бидат контактирани само кандидатите што ќе се изберат за на интервју.
Прашања и повеќе информации на тел. 043 551 107.