За компанијата: За Сигма-СБ
Сигма-СБ е специјализирана компанија за имплементација на IT решенија за компаниски менаџмент чиј производ е познатиот деловен софтвер SSB ERP. Сигма-СБ врши оптимизација на финансиското...
повеќе за компанијата »СИГМА-СБ компанија за развој и имплементација на софтвер и хардверски решенија, носител на еден од најпрестижните домашни софтвери, ССБ-ЕРП, за целосно управување со работењето и унапредување на севкупните процеси во компаниите, има потреба од пополнување на работнo местo:
СМЕТКОВОДИТЕЛ
Потребни Квалификации:
- Познавање на соодветната Македонска законска регулатива и меѓународни сметководствени стандарди,
- Искуство во подготовка на завршни пресметки,
- Уверение за Овластен Сметководител,
- Активно користење на MS Office, Internet Explorer,
- Висока работна етика, одговорност и организациски способности,
- Способност за запазување рокови и остварување на резултати.
Одговорности:
- Подготовка и книжење на целокупната сметководствена документација,
- Контрола на финансиска и материјална евиденција,
- Разновидни и сеопфатни сметководствени активности во согласност со сметководствените стандарди и принципи, како и со сите релевантни законски прописи,
- Подготовка на финансиски извештаи, годишни деловни планови и поддршка на менаџментот согласно потребите,
- Комуникација со сите релевантни државни институции,
- Континуирано професионално усовршување.
Што нудиме?
- Можност за напредок и развој на професионални вештини,
- Континуирана обука и можност за напредување,
- Работно време: од Понеделник до Петок, 08:00-16:00 часот.
Пријавување :
Испратете го Вашето CV со писмо за мотивација и евентуални препораки на E-mail : [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака Сметководител. Само селектирани кандидати ќе бидат повикани на интервју. Огласот е отворен се додека не се пополни работното место.
Слични огласи »