Академија ЦЕС лого

Координатор на обуки

За компанијата:

Академија ЦЕС е компанија која веќе 25 години се занимава со реализација на обуки, семинари, работилници, доквалификација и преквалификација на кадар во повеќе области и струки. Имаме реализирано... повеќе за компанијата »

  • Објавен на 10.2022
  • Академија ЦЕС
  • Активен до 29.10.2022
  • Позиција: Административен работник
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 023232510
  • Веб: ces.mk
  • Facebook: линк

(преземи го огласот како PDF)

Оглас за вработување на Координатор на обуки

АКАДЕМИЈА-ЦЕС е компанија која повеќе од 22 година активно работи на развој на човечкиот капитал, прв центар за стручно образование и образование на возрасни во Македонија кој што нуди различен вид на обуки за личен и професионален развој на возрасни лица, доквалификација и преквалификација. Организацијата постои како алка помеѓу потребите на пазарот на трудот и работодавачите од една страна и невработените лицата од друга страна.

Компанијата обавува дејност во следните области:

  1. Стручни вештини – занаети и административни курсеви
  2. Образование на возрасни/ животна средина и управување со отпад
  3. Обуки за вработени во јавна администрација
  4. Јазични вештини и преводи
  5. Обуки за наставници
  6. Консалтинг услуги и работа со проекти ( ИПА, Еразмус+)

Бараме координатор на обуки кој ќе се приклучи на нашиот тим.

Одговорности и задачи:

  • Ја врши комуникацијата со клиенти (нарачатели/ корисници на обуки);
  • Ја врши комуникацијата со обучувачите;
  • Врши координација на обучувачи и корисници на обука;
  • Ја води и редовно ја ажурира базата на обучувачи на Академија ЦЕС;
  • Обезбедува на логистичка поддршка на обучувачи и корисници на обуки;
  • Врши подготовка и администрација на обуки;
  • Oбезбедува документација од реализација на обуки (листи на присуство, прашалници за квалитет, фотографии, сертификати, финални извештаи).
  • Собира и врши евиденција на пријави за обуки;
  • Издава фактури за слушатели на обуки;
  • Изготвува договори за слушатели на обуки;
  • Изготвува договори со обучувачи;
  • Организара тестирања и сертификација на слушатели на обуки;
  • Ја подготвува документацијата за верификација на наставни програми во ЦОВ;
  • Води главна книга на слушатели на обуки по верификувани програми;
  • Бара понуди, врши проценка на ресурси за реализација на обуки;
  • Изготвува понуди за реализација на обуки;
  • Подготвува соодветна документација за учество во јавни набавки и повици за реализација на обуки;
  • Подготвува план за промоција за обуките;
  • Oбјавува фотографии и видеа на фб и веб страна;
  • Дава поддршка во имплементацијата на проектите финансирани од ЕУ во делот на организација на обуки, работилници, конференции и слични настани).

Потребни квалификации и вештини:

  • Минимум завршено средно образование;
  • Претходно работно искуство минимум 3 години;
  • Добро познавање на англиски јазик;
  • Добри комуникациски вештини (деловна комуникација и комуникација со клиенти);
  • Добри организациски вештини за координација на клиенти, логистика и организирање на настани;
  • Способност за уредно, педантно и организирано водење и чување на документација:
  • Добро организирање, управување со времето, вештини за планирање и приоритизација;
  • Основно познавање на работа со компјутери: MS Office (особено excel табели за евиденција), интернет, управување со електронска пошта;
  • Способност за индивидуална и тимска работа;
  • Претходно работно искуство во организација на настани/обуки и администрација на истите ќе се смета за предност;

Сите зинтересирани кандидати, може да достават професионална биографија CV, заедно со мотивациско писмо може да ја достават на следната

e-пошта: [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака:

по Оглас за вработување за Координатор на обуки.

Кандидатите кои нема да достават и мотивациско писмо заедно со својата биографија, воопшто нема да бидат земени во предвид.

Напомена:

  • Работниот однос се заснова на определено време од 2 месеци. Доколку кандидатите покажат висок професионален капацитет, следува склучување на редовен договор за врaботување.
  • Доколку кандидатот ги поседува потребните вештини, квалификации и искуство, почетна плата околу 30.000 денари.
  • Само кандидатите кои најдобро ќе ги исполнат условите ќе бидат поканети на интервју за вработување.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »