Специјалист за индиректни набавки

За компанијата: Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна... повеќе за компанијата »

Го прошируваме нашиот тим, охрабрете се и аплицирајте за отворената позиција: СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ИНДИРЕКТНИ НАБАВКИ

Потребни квалификации:

  • ВСС – Економски факултет
  • Минимум 1 година работно искуство во областа на општи набавки и осигурување
  • Одлично познавање на MS Office
  • Одлично познавање на англиски јазик

Одговорности:

  • Набавка на канцелариски материјали за аптеки и работни простории
  • Набавка на резервни делови, опрема и други технички материјали
  • Процес на разгледување и одобрување на понуди, услуги и материјали
  • Осигурување со обезбедување на полиси и каско и осигурување на вработени
  • Изработување набавни планови и планирање потребни финансиски средства
  • Изготвување плански цени
  • Спроведување набавни политики кон добавувачите
  • Изготвување и учество во изработка на договори и протоколи за добавувачите
  • Испорака на набавките до краен корисник

Што нудиме:

  • Стимулативна плата и бенефиции
  • За најдобрите вработени - наградно патување (дестинација по избор)
  • Исплата на сите додатоци на плата
  • Најмалку 20 дена годишен одмор и регрес за годишен одмор
  • Континуирано усовршување и напредок
  • Пријатна атмосфера и тимски дух
  • Настани и активности за добросостојба на вработените (Employees wellbeing)
  • Работно време: Понеделник – Петок; (флексибилно работно време)

Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување и поседувате професионални компетенции за успешно работење во областа наведена погоре, Ве покануваме да аплицирате преку полето ПРИЈАВИ СЕ со прикачување на Вашата биографија на македонски јазик.

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »