Правник

Плата од 30.000 ден. до 90.000 ден.

(преземи го огласот во Word)

Актуелниот раководител го поддржува работењето на Компанијата до законските стандарди и внатрешните политики преку спроведување на регулативи во сите аспекти и нивоа на деловното работење (правни, финансиски и/или административни), како и давање насоки за прашањата за усогласеност. Под директен надзор на Продукт менаџерот , кандидатот треба да раководи со процесот на наплата на побарувања од аутсорсинг.

Одговорности:

  • Подготвува и редовно ревидира акти и друга документација за потребите на административното работење на Друштвото;
  • Раководи, организира и координира процесот за правна наплата на побарувањата во соработка со надворешни соработници (Адвокатски друштва / Нотари / Канцеларии за наплата);
  • Воспоставува и одржува редовна комуникација со надворешни соработници;
  • Врши советодавна функција за раководството во однос на усогласеноста на Друштвото со важечките закони и прописи;
  • Подготвува, развива, спроведува и управува со ефективна програма за законска усогласеност на Друштвото;
  • Подготвува, развива и редовно ги ревидира политиките и процедурите на Друштвото во согласност со важечката регулатива  и акти пропишани од давателот на франшизата;
  • Креира и управува ефективни акциони планови врз основа на извршените ревизии и откриени неусогласености со законските прописи и внатрешните акти на Друштвото;
  • Редовно врши ревизија на процедурите, практиките и документацијата со цел да се идентификуваат потенцијалните правни слабости и ризици за Друштвото;
  • Ги надгледува деловните процеси на Друштвото за утврдување на потенцијалните надворешни ризици од правен аспект во однос на внатрешните политики и интереси на Друштвото;
  • Ги информира и запознава сите вработени со промени кои директно се однесуваат на вработените;
  • Обезбедува правни совети и информации на вработените во врска со законската усогласеност на дневна основа;
  • Активно комуницира и соработува со другите одделенија во Компанијата.

Квалификации

  • Дипломиран или магистер по право;
  • Продлабоченото познавање на важечката правна усогласеност ќе се смета за предност;
  • Претходно работно искуство во финансиска институција или ревизорска куќа ќе се смета за предност;
  • Одлични компјутерски вештини;
  • Одлично познавање и работа со MS Office пакетот;
  • Одлично познавање на македонскиот јазик (мајчин);
  • Одлично познавање и употреба на англискиот јазик (усно и писмено – ниво C1/C2);
  • Познавање на албански јазик ќе се смета за предност.

Работно искуство

  • ​​Минимум 1 година работно искуство на иста или слична позиција

Што нудиме

  • Конкурентна плата;
  • Можност за годишен бонус во зависност од работата на Друштвото;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Месечен фонд за дополнителни активности (спорт, рекреација, курсеви и сл.);
  • Светли модерни канцеларии во центарот на Скопје;
  • Одлична атмосфера, тимски дух и тимски настани;
  • Отворена култура со можности за раст;
  • Хибридна работна средина со флексибилно работно време;
  • Современа опрема за работа.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »